za-nas-referentna-lista

УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ ДООЕЛ СКОПЈЕ е компанија чија основна дејност е набавка,продажба и сервисирање на медицинска опрема. Од самото оформување на компанијата па до денес, нашата работа се сведува на примена на најнова технологија и современ пристап, така што нашите коминтенти добиваат услуги со висок квалитет задоволувајки ги потребите на модерната медицина.

УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ ДООЕЛ СКОПЈЕ поседува сертификат ISO 9001 во областа на примена: Набавка, продажба и сервис на медицинска опрема, уреди и резервни делови.

Компанијата работи како директен и достоен есклузивен претставник на повеќе реномирани светски имиња во производството на медицинска опрема како што се: ERBE Elektromedizin GmbH Germany (Електро-Медицина), Rudolf Riester GmbH Germany (Професионална Дијагностика),Fujifilm (Флексибилна Ендоскопија), Tekno Germany (Ригидна Ендоскопија), SIUI (Ултразвучна Дијагностика), Cardiatech International (АЕД Дефибрилатори), Neurosoft Russia (Невролошка опрема)итн.

УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ ДООЕЛ СКОПЈЕ поседува тим од 12 вработени, кој го градат успехот и реномето на нашата компанија, борејќи се успешно со предизвиците кој што ги бара оваа индустрија, посетувајќи тренинзи и обуки во компаниите што ги представуваме, со што држиме чекор со најмодерната медицинска опрема во светот.

Уште една гордост со што може да се пофали нашата компанија е најпрофесионалната Сервисна поддршка која што е една од најдокажаните во Македонија. Уни-Медикал ПСТ поседува комплетен сервисен центар и сервисна лабораторија опремена со најмодерни дијагностички инструменти која што истотака е ISO9001 сертифицирана. Сите инженери вработени во сервисот поседуваат сертификати издадени директно од производителите на опремата каде што редовно се посетуваат сервисни обуки.