top of page

ДИГИТАЛЕН ЛОГОПЕДСКИ СЕТ

ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОПЕДСКИ СЕТ представува иновација во обработката на звучниот сигнал, користејќи дигитално сигнално процесирање (DSP) кој овозможува брза и прецизна обработка на звук со ист квалитет и брзина како што работи човечкиот мозок. И покрај високата технологија едноставен е за ракување. Во сетот се однапред инсталирани 50 готови програми (апликации) кои можат многу едноставно да се активираат. Сетот не е ниту ограничен ниту поврзан преку одредена метода за рехабилитација и може да се користи во повеќето рехабилитациски постапки во било која метода или начин на рехабилитација. Благодарејќи на разноликите можности на филтрирање и динамичко процесирање на звукот погоден е во рехабилитација на различни говорни пореметувања како и во рехабилитација на говор и слух кај деца со оштетен слух (и колеарен имплант). Преку последните 10тина години Логопедскиот сет се користи во повеќе стотици институции и приватни Логопеди и представува голема помош во секојдневната работа. Може да се каже дека представува дел од стандардна опрема кај секој логопед и аудиорехабилитациони центри.

КОМПЈУТЕРИЗИРАН УРЕД (има два процесори и работи самостојно без компјутер)

Компоненти:

  • Три врсти на дигитални филтри: терцен графички, параметарски и динамичен еквилајзер (0-60dB),

  • Динамички процесор на звук (лимитер, компресор и експандер)

  • Дигитален delay (0-300ms)

  • Real time analyser

Сите компоненти можат да работат истовремено.

Можно е моментално исклучување на сите ефекти и добивање на Д-канал и повторно враќање на корективниот програм.

50 меморирани програми за работа:

  • 30 гласовни оптимали

  • 2 заеднички оптимали (за тесен и широк збир на сигматизам)

  • 2 програми за супституција на фрикативи и африкативи со T и Д

  • 4 програми за работа на слушни оштетувања

  • 4 програми за подобрување на разбирливост кај говор (корисно кај ADHD, ADD, слабо пратење, концентрација, хиперактивност, тешкотија во учење и дислексија), работи на ист принцип како Phonak EDULINK

  • 3 програми за стимулација на ниски, високи и дисконтинуирани фреквенции

  • 1 програм за delay (пелтечење, дизартрија, мотор. Афазија)

  • 1 програм за мерење на интензитетско ниво на звук (fonometer), корисно кај терапија на пореметување на глас и оштетување на слух,

  • 1 програм за генерирање на различен шум, помага во дијагностика на психогена дисфонија

  • 2 програми за D- канал

МОЖНОСТ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНИ УРЕДИ

Влезни приклучоци:

  • 2 работни микрофони

  • 1 мерен микрофон за SPL- фонометар

  • Било кој извор на звук: CD player и слично

Излезни приклучоци:

  • 4 или 8 пара жичани слушалки (до 12 пара)

  • Бежични FM слушалки

  • Мултимедиски звучници

  • Вибратор, виброактивна плоча

  • Light stimulator

bottom of page